Цукерберг: Физичкото и дигиталното ќе се спојат во метаверс

29

Извршниот директор на „Мета“ Марк Цукерберг  ја отвори конференцијата на технолошкиот гигант „Конект“ со фокус на виртуелната и проширена реалност и вештачката интелигенција.

Цукерберг изјави дека „Мета“ е фокусирана на „градење на иднината на човечката врска“.

„Наскоро физичкото и дигиталното ќе се спојат во она што го нарекуваме метаверс“, рече Цукерберг, пренесува АП.

Мета е среде корпоративна трансформација за која вели дека ќе бидат потребни години за да доминира во светот на виртуелната реалност.

Сепак, процесот на трансформација оди побавно од очекуваното, а конкуренцијата со TikTok останува најголемиот предизвик за компанијата, наведува американската агенција, пренесува Танјуг.