ТТК Банка ги намали каматните стапки за кредити за пензионери

36

ttkТТК Банка ја намали каматната стапка на ненаменскиот потрошувачки кредит за пензионери, приматели на пензија во Банката на 9,5% годишно, со рок до седум години.

За потрошувачки кредит со пократок рок до 12 месеци, Банката нуди најниска каматна стапка од 7,5% годишно. Хипотекарниот кредит во ТТК Банка, пензионерите можат да го добијат со каматна стапка од 7,5% годишно.

Овие поволности банката ги нуди во рамки на Премиум Смарт пакетот, со кој примателите на пензија во банката можат да добијат и дозволено пречекорување до две пензии, Visa electron дебитна картичка, како и пониски провизии за одобрување на кредитите.