
Турција има цел двојно да ги зголеми приходите од земјоделски производи до 2023 година, изјави претседателот на земјата Реџеп Таип Ердоган, пишува Хуријет.
“Турција во овој момент е најголем земјоделски производител во Европа, пред Франција, Италија и Шпанија“, рече тој.
Земјоделските приходи на Турција во 2014 година достигнаа ниво од 61 милијарди долари, а планот е да се зголемат до 150 милијарди долари до 2023 година.
Според податоците на турскиот Институт за статистика, извозот на земјоделски производи во 2014 година изнесува 18,7 милијарди долари.