Турција воведува обврска за камери и паник-копчиња во сите возила од 2026

Според измените на законската регулатива, објавени во турскиот „Службен весник“, почнувајќи од 2026 година, во Турција ќе биде обврзувачко инсталирањето на надворешни и внатрешни видео камери, уреди за мониторинг и паник-копче во сите евидентирани возила, информира ТРТ Хабер.

Согласно прописите, креирани од страна на Дирекцијата за патен сообраќај, временските рамки за имплементација на оваа мерка ќе бидат различни, во зависност од годината на производство на возилата.

За возилата изработени помеѓу 2023 и 2025 година, како и за оние кои ќе бидат регистрирани после 31 декември 2025 година, опремата мора да биде монтирана при првиот редовен технички преглед (ГТП) по 1 јануари 2026 година.

За возилата произведени од 2018 до 2022 година, крајниот рок е одложен до првиот ГТП после 1 јануари 2027 година, додека за возилата направени во 2017 година или претходно, мерката ќе стапи на сила од првиот ГТП по 1 јануари 2028 година.

За ученичките автобуси, кои веќе подлежат на сегашните правила за поставување на камери во периодот февруари-октомври 2025 година, рокот за поставување на дополнителната опрема е одложен до крајот на 2027 година.

Фото: Pixabay