
Бројот на туристите во јуни 2025 година изнесува 126.415, од кои 20.1 % се домашни туристи, а 79.9 % се странски туристи, соопшти Држвниот завод за статистика.
Странците сочинуваат 80% од туристите во јуни – доминираат гости од Турција
Бројот на туристите во јуни 2025 година изнесува 126. 415, од кои 20.1 % се домашни туристи, а 79.9 % се странски туристи.
Бројот на ноќевањата во јуни 2025 година изнесува 243.157, од кои 26.7 % се од домашните туристи, а 73.3 % од странските туристи.
Во периодот јануари – јуни 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 13.5 %, односно кај домашните туристи има намалување за 2.5 %, а кај странските има зголемување за 19.7 %.
Во периодот јануари – јуни 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 8.5 % така што кај домашните туристи има намалување за 1.1 %, а кај странските има зголемување за 13.3 %.
Земји од кои дошле најмногу странски туристи во јуни 2025 година:
- 34. 366 од Турција
- 8 .897 од Србија
- 8. 011 од Германија
- 3. 604 од Холандија