Твитер доби ултиматум: Имате 28 дена да покажете сериозност

31

Австралиското тело за заштита на безбедноста на интернетот во четвртокот се закани дека ќе го казни Твитер поради неуспехот да се справи со злоупотребата на интернет и рече дека има зголемување на „токсичноста и омразата“ откако Илон Маск го купи Твитер.

Комесарката за е-безбедност, Џули Инман Грант, поранешна вработена во Твитер, рече дека платформата сега е одговорна за една од три онлајн жалби за говор на омраза пријавени во Австралија.

Инман Грант рече дека Твитер има 28 дена да покаже сериозност во врска со решавањето на проблемот или ќе се соочи со парична казна од 700.000 австралиски долари за секој ден на пречекорување на рокот.