Twitter ќе ве предупреди кога коментирање на објава може да ескалира во расправија

48

Twitter тестира нови известувања за апликациите Android и iOS кои ќе ги предупредат корисниците на социјалната мрежа дека коментирање на објава може да се претвори во „жесток“ разговор.

Судејќи според објавата на компанијата, се прикажуваат два вида известувања – едното што служи како кратко потсетување дека може да се „вжешти“ ситуацијата, а другото што ги потсетува корисниците на малку подетален начин дека вистинска личност стои зад твитот и дека цени различна перспектива.

Во моментов не е познато кое од овие две известувања Twitter ќе го задржи на социјалната мрежа, но нивното тестирање докажува дека компанијата активно се обидува да ги намали малтретирањата и злоупотребите на платформата, пренесе The Verge.

Twitter значително го ажурираше својот „be nice, think twice“ систем уште во мај, така што сега подобро ги препознава потенцијално навредливите твитови и испраќа посебно предупредување до корисниците пред да ги објават.