Uber пред две години го купи мнозинскиот удел во стартапот за достава на намирници, Cornershop, a сега ги презема останатите 47%, пренесува CNBC.
Износот на трансакцијата не е познат, но акциите на Uber на почетокот на неделава се намалија за 2,47%.
Cornershop во овој момент своите услуги ги нуди во САД, Перу, Бразил, Колумбија и Канада.
“Uber веќе поседуваше околу 50% од Cornershop и видовме како со заедничка работа може да се постигнат одлични резултати, како што е освојување на Бразил, каде што станавме водечки на пазарот. Но, за да го искористиме целиот потенцијал на нашето партнерство, мора да функционираме како една компанија“, рекол Оскар Хертонсон, основач на Cornershop.
Се очекува трансакцијата да биде финализирана во јули.
Uber своите сили ги насочува кон сегментот Eats, што беше посебно нагласен во услови на пандемија.