Угостителските услуги во 2024 година поскапеле за 5,6 отсто

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во декември 2024 година, во споредба со ноември 2024 година, е зголемен за 0.6 %.

Индексот на цените на угостителските услуги во декември 2024 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 6.1 %.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – декември 2024 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 5.6 %, додека во однос на декември 2023 година, е зголемен за 3.5 %.