УЈП и ССКМ потпишаа Меморандум за соработка

74

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска и Претседателката на Сојузот на Стопански комори на Македонија (ССКМ), Данела Арсовска потпишаа Меморандум за соработка со којшто се потврдува заложбата на двете институции за зголемено делување во борбата против сивата економија, регулирање на работата на црно на пазарот на трудот, унапредување на соработката помеѓу даночните обврзници и Управата како и заедничко планирање и организирање на семинири, трибини, бизнис форуми.

Лукаревска истакна дека секоја иницијатива и економска мерка предложена од ССКМ која е направена врз основа на анализи, позитивни деловни практики и компаративни искуства е добредојдена и ја охрабри Комората да склучува вакви меморандуми за соработка и со другите институции се со цел давање на максимален придонес во успешно и квалитетно реализирање на предложените економски мерки чија крајна цел ќе биде создавање на конкурентна економија и градење на партнерски однос со бизнис заедницата.

Во соопштението се вели дека УЈП континуирано ја следи економската состојба, ги разгледува постоечките законски регулативи и ќе предлага нивни измени во насока на подобрување на македонската економија.

На потпишувањето на Меморандумот, присуствуваа и претставници од УЈП и претставници на ССКМ, Услужната Комора, ИКТ Комората, Градежната Комора и други.