УЈП: Поднесете ги ДДВ-04 пријавите навреме -значителен број на обврзници сè уште не ја исполниле својата законска обврска

Управата за јавни приходи ги повикува сите даночни обврзници да ги достават потребните документи до своите сметководители и навремено да ги поднесат ДДВ-04 пријавите за изминатиот даночен период. Крајниот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавата е 25-ти февруари (вторник).

До вчера до крај на работниот ден од очекуваните 7.396 ДДВ пријави, поднесени се 1.862 што претставува 25% од вкупниот број на ДДВ – 04 пријави за овој даночен период. Ова покажува дека значителен број на обврзници сè уште не ја исполниле својата законска обврска, односно остануваат да се поднесат уште 5.534 ДДВ – 04 пријави.

Управата за јавни приходи апелира до сите даночни обврзници да ги исполнат своите законски обврски навремено, за да избегнат стрес, казни и дополнителни финансиски трошоци.

Навременото поднесување на ДДВ-04 пријавата е од исклучителна важност за правилното усогласување со даночните прописи, одржување на финансиската стабилност на бизнисите и за развојот на економијата.