УЈП: Секој купувач е должен да добие фискална сметка

53

ujpВо последните контроли на Управата за јавни приходи утврдено е дека 60 деловни објекти во Скопје, Прилеп, Битола, Кочани, Куманово, Струмица, Радовиш, Неготино и Кавадарци со неиздавањето на фискални сметки им ги ускратиле правата на граѓананите кои купувале токму во нивните деловни објекти, велат од УЈП.

Од УЈП нагласуваат дека секој купувач на добро или корисник на услуга има право да добие фискална сметка во моментот на плаќање.

Неиздавањето на фискалната сметка подразбира и дека граѓанинот нема потврда дека купил и платил за цената на производот/услугата во соодветниот деловен објект, со што се загрозуваат неговите потрошувачки права – за враќање или рекламација на купеното, при тоа потенцирајќи локалните моќници и вработени во УЈП да не ставаат под заштита одредени бизниси.

Таков е последниот пример кога даночните контролори од Гевгелија затворија два угостителски објекта во сопственост на семејство на даночен инспектор од Битола.

Токму мобилноста и делување на даночниците надвор од месноста каде живеат овозможува и објективно делување на инспекциските служби на УЈП, мерка која изминатите години се покажа ефикасна посебно кога станува збор за обиди на локални моќници и вработени во УЈП да ставаат под заштита одредени бизниси.

Од профилот на објектите со неправилностите (кафе барови, пицерии, колонијали, салони за мебел…), уште еднаш се потврдуваат анализите на Управата за јавни приходи дека услужната дејност е една од најризичните, а трговијата со мебел станува ризична категорија од даночен аспект, која во последно време е во подем.