УЈП со апел: Задолжително издавање фискални сметки 

Во периодот на рамазанскиот пост, кога традиционално се организираат ифтарски вечери и бројни свечени настани, Управата за јавни приходи (УЈП) потсетува на обврската за доследна примена на Законот за регистрирање на готовинските плаќања.

“Секое извршено готовинско плаќање треба навремено и соодветно да биде евидентирано преку фискален апарат, како и задолжително да се издаде фискална сметка за секоја реализирана услуга.

Со оглед на зголемениот обем на работа во текот на празничниот период, Управа за јавни приходи апелира до угостителските објекти и сите даночни обврзници на законито постапување и целосно почитување на законските обврски, со цел обезбедување еднакви услови за работа и фер конкуренција на пазарот, и им посакува успешна работа“, објави УЈП.