УЈП времено затвори 58 објекти

24

OLYMPUS DIGITAL CAMERAПри своите редовни контроли Мобилните екипи на Управата за јавни приходи изрекоа времена мерка затворање и парична глоба за вкупно 58 објекти.

Од нив 26 се од Тетово, осум од Велешко, 10 од Куманово, по три од Охрид и Битола, пет од Прилеп и еден од Вевчани.

Затворени се и две диви обложувалници во струшките села Велешта и Радолишта, каде е одземена и целокупната опрема во објектите.

Како што информираат од УЈП, за време на контролите биле евидентирани случаи на навредување и попречување на даночниците во извршувањето на службените должности.