УЈП затвори 11 објекти во Скопје

23

ujp-lenta3По спроведените вчерашни активности на даночните служби во Скопје, затворени се 11 деловни објекти во населбите Автокоманда, Синѓелиќ и Маџари, меѓу кои и познат хотел во центарот на Скопје.

Регистриран е и еден случај на обид за спречување контрола на фискализација во познат маркет, на патот Синѓелиќ – Арачиново.

“При контролата, даночниот обврзник се обидел да ја уништи сопствената финансиска документација која била предмет на проверка, а во која даночниците утврдиле прикривање на готовинскиот промет. И покрај тоа контролата е успешно завршена”, соопшти УЈП.

Меѓу другото, како што посочуваат од Охрид, финансиските контроли во градот потврдија дека стоматолошката дејност е се уште ризична од даночен аспект. Со неправилно финансиско работење, буџетот го оштетиле осум субјекти на кои им е изречена глоба и времена мерка забрана за вршење дејност.

“Според податоците и она што е утврдено на терен од почетокот на годината, најголем даночен ризик од 27,16% е забележан кај субјекти кои вршат спортски и забавни дејности (фитнес, аеробик и сл. клубови), 13,95% кај козметички и фризерки студија, 11,54% кај фото студија, 9,59% спортски обложувалници и како помалку ризично (под 7%) вршењето стоматолошка и офтамолошка дејност”, велат од УЈП.