Укинати препораките за ослободување од работни обврски воведени поради топлото време

34

leten dozd

Владата на Република Македонија донесе одлука за прекинување на препораките за ослободување од работни обврски, како и укинување на рестрикцијата на работно време за вршење градежни работи на отворено кои требаше да важат до 4 август, пишува Миа.

Министерството за здравство соопшти дека препораките се укинуваат поради најавата од метеоалармот на Управата за хидрометеоролошки работи дека во следните три дена ќе има намалување на температурите во цела држава.

Надлежните служби ќе продолжат континуирано да ја следат состојбата и да преземаат мерки согласно временските услови.