Укинувањето на пандемските ограничувања му донесе рекордни резултати на сопственикот на Зара

67

Шпанскиот синџир за облека Inditex, сопственик на брендот Zara, во средата објави рекорден годишен приход и нето профит благодарение на поголемата продажба по укинувањето на ограничувањата за пандемијата.
Во деловната година која заврши на 31 јануари, Inditex на тој начин оствари рекорден приход од 32,6 милијарди евра, 17,5 отсто поголем од претходната деловна година, благодарение на растот на продажбата и на интернет и во продавниците.

Добивката пред оданочување изнесува 5,358 милијарди евра и е поголема за 27 отсто. Нејзината нето добивка скокна за истиот процент, достигнувајќи рекордни 4,1 милијарди евра.

Врз основа на годишните деловни резултати, бордот на директори планира да предложи зголемување на дивидендата за цели 29 отсто, на 1,2 евра по акција. Износот се состои од редовна дивиденда од 0,796 евра и бонус дивиденда од 0,404 евра. Се очекува на почетокот на мај на акционерите да им бидат исплатени 0,60 евра по акција, а останатите 0,60 евра да бидат исплатени за шест месеци.

Покрај Zara, Inditex ги поседува и брендовите Bershka, Massimo Dutti, Oysho, Pull & Bear и Stradivarius.