Украина може да го замени целиот капацитет на гасоводот Северен тек 1

151

Украина може да го замени целиот капацитет на гасоводот Северен тек 1 преку Суџа, единствената транзитна точка со Русија. Ова го изјави директорот на украинската компанија за транспорт на гас Сергиј Макогон.

„Не го користат целиот капацитет на Суџа. Иако дневно може да се испумпуваат 77 милиони кубни метри, тие испумпуваат само 41 милион“, изјави Макогон за Ројтерс.

Минатата недела Газпром целосно ја прекина испораката на гас преку Северен тек 1, бидејќи при редовно одржување на гасоводот беше утврдено дека дошло до истекување нафта на единствената работна единица во близина на Санкт Петербург.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека за целосното затворање на гасоводот „Северен тек 1“, што минува меѓу Русија и Германија, треба да се обвинат западните санкции.