Украина почна да извезува струја во ЕУ

83

Украина почна да извезува струја во Европската Унија преку Романија, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Поминавме важен чекор во нашето приближување кон ЕУ“, рече синоќа Зеленски.

Киев „почна значително да извезува струја на територијата на ЕУ, преку Романија“, рече Зеленски и додаде дека се работи само за прв чекор.

Како што додаде, Украина е подготвена да ги зголеми испораките, како и дека украинската струја може да замени значителен дел од рускиот гас кој го трошат жителите на ЕУ.

„За нас тоа не е само прашање на приходи од извоз, тоа е прашање на безбедност за цела Европа“, додаде Зеленски.