Украина претстави нова банкнота по повод годишнината од руската инвазија

60

Украинската централна банка претстави комеморативна банкнота по повод првата годишнина од руската инвазија.

На едната страна на банкнотата од 20 гривни ( 0.54 долари), се претставени тројца војници кои го подигнуваат националното знаме, на другата страна на банкнотата од 20 гривни (0,54 долари) има слика на две раце врзани со трака, очигледна алузија на наводните воени злосторства сторени во Украина, за што Киев ги обвини руските сили.

„За да ја одбележиме годишнината од војната, решивме да пуштиме комеморативна банкнота која на мало парче хартија ќе прикажува една година емоции,  содржина и иконски работи“, рече Андриј Пишњи, гувернер на Националната банка на Украина, за време на презентација во централната банка во Киев.

Централната банка работеше напорно од инвазијата на 24 февруари минатата година за да ја одржи економијата во живот и да ја одржи стабилноста. Минатото лето, таа ја фиксираше националната валута гривна на 36,57 за долар.

Фото: Национална банка на Украина