Украина тврди дека може да извезе три милиони тони жито од нејзините пристаништа во септември

72

Украина може да извезува три милиони тони жито од своите пристаништа во септември и во иднина може да извезува четири милиони тонисекој месец, изјави во вторникот заменик-министерот за инфраструктура на Украина, Јуриј Васков.

Тој рече дека украинската влада добила барања за 30 бродови да дојдат во Украина во следните две недели за извоз на жито.

Украинскиот извоз на жито е забавен откако Русија започна инвазија на 24 февруари и ги блокираше пристаништата на Црното Море на Украина, но три беа деблокирани минатиот месец како дел од договорот меѓу Москва и Киев што овозможи стотини илјади тони украинско жито да се испорачаат до крајните клиенти, пренесува Ројтерс.