Украина во 2020 година ќе издава електронски зелени карти

26

На 14-ти јуни оваа година, Генералното собрание на Бирото за зелени картони донесе одлука за промена на форматот на Меѓународната полиса за осигурување. Со тоа се отвори патот кон нови електронски зелени картони коишто ќе стапат на сцена и ќе бидат воведени од први јули 2020 година во Украина.

Ова ќе мора да го прифатат сите украински транспортни органи коишто го контролираат домашното движење и движење помеѓу земјите од системот, информираат од Здружението за осигурување на Украина (МТИБУ).

Проверките се вршат преку Централната база на податоци на МТИБУ и поради воспоставување постојана размена на податоци помеѓу базите на податоци на МТИБУ и Државната гранична служба.

Националните канцеларии веќе можат да се префрлат на нов електронски формат. Дигитализацијата на овој сегмент ќе им овозможи на возачите да купуваат и изнајмуваат полиси преку Интернет, без да ги посетуваат осигурителните компании, каде ќе изгубат значително време. Но, исто така ќе можат и да ги прошират своите полиси, со што предноста е во тоа што може тој процес да го направат кога се и во странство.