Украинскиот извоз на земјоделски производи нагло пораснал во мај

83

Украина во мај извезла 1,743 милиони тони житарки, маслодајни семиња и растителни масла, дури 80 отсто повеќе отколку во април, но сепак значително помалку од истиот месец минатата година, објави Министерството за земјоделство.

Во пратките доминирала пченката со извезени 959 илјади тони, а извезени се 202.650 тони сончогледово масло.

За споредба, Украина во мај минатата година извезла 2,245 милиони тони пченка и 501.800 тони сончогледово масло.

Во тековната сезона 2021/2022 година, која завршува на крајот на месецот, Украина досега извезла 47,2 милиони тони житарки, вклучително и 148.000 тони извезени во првите пет дена од јуни.

Испораките вклучуваат 18,578 милиони тони пченица, 22,4 милиони тони пченка и 5,7 милиони тони јачмен. Во јуни доминираше извозот на пченка.

До руската инвазија, Украина извезуваше до шест милиони тони жито месечно, а во последните месеци извозот падна на околу еден милион тони.