Украинскиот извоз на жито падна за 44% во јуни

65

Украинскиот извоз на жито падна од 1 до 22 јуни, за околу 44 отсто во однос на истиот месец во 2021 година, на 1,11 милиони тони, покажаа денешните податоци на Министерството за земјоделство.

Според показателите, таа количина вклучува 978.000 тони пченка, 104.000 тони пченица и 24.000 тони јачмен, пренесе Ројтерс.

Украина извезуваше до 6,0 милиони тони жито месечно пред почетокот на рускиот напад врз земјата на 24 февруари.

Обемот на извозот на жито падна на околу 1,7 милиони тони во мај, бидејќи Украина, која извезува најголем дел од својата стока преку пристаништата на Црното Море, беше принудена да се префрли на транспорт на жито со воз преку нејзината западна граница или преку своите мали пристаништа на Дунав.