Унгарија доби нова авиокомпанија

39

solyomНовата унгарска авиокомпанија Sólyom од следниот месец почнува со првите чартер летови, а со редовни линии од октомври, изјави генералниот директор на компанијата, Јожеф Ваго.

Компанијата е во сопственост на Ваго и уште двајца унгарски бизнисмени, а финансиите ги обезбедиле инвеститори од Оман и Емиратите, но директорот не го открива нивниот идентитет.

На почетокот, новата компанија ќе лета со шест авиони на 22 дестинации, од кои шест се европски. Според директорот, во најскоро време компанијата планира да ја прошири својата флота на 50, па и повеќе авиони, а во 2014 година ќе воведе линии до северна Америка и Кина.

Оваа авиокомпанија сака да го пополни местото на пазарот коешто се ослободи по распаѓањето на државната авиокомпанија Malev. Меѓутоа, експертите предвидуваат дека Sólyom во авионскиот бизнис ќе има силна конкуренција. Линиите што некогаш ги држеше Malev, во голема мера ги зафатија нискобуџетните Wizz Air и Ryanair.