
Унгарија и другите источноевропски земји сакаат да ја задржат забраната за увоз на украинско жито што беше воведена минатата недела до крајот на годината, изјави унгарскиот министер за земјоделство Иштван Наѓ.
„Би сакале Европската комисија да ги прифати нашите мерки бидејќи имаме намера да ги задржиме до крајот на годината, се со цел да им овозможиме на нашите земјоделци сами да го соберат и складираат својот род“, рече Наѓ.
Унгарија минатата недела го забрани увозот на украински жито и земјоделски производи, откако Полска ја воведе истата мерка за да се спротивстави на приливот на поевтини производи кои извршија притисок врз владата да ги заштити локалните фармери.
Словачка и Бугарија исто така го следеа примерот.
Тие земји, заедно со другите во Централна и Источна Европа, сметаат дека е неопходно да се воведат овие мерки на ниво на ЕУ за да се реши проблемот. Унгарија ја повика ЕУ за „прогресивна“ помош за да помогне во транспортот на украинското жито низ земјите од Централна Европа.
Централноевропските земји станаа транзитна рута за украинското жито што не може да се извезува преку пристаништата на Црното Море откако Русија ја започна војната. Но, прекините во снабдувањето заробија милиони тони жито во земји како Унгарија и Полска кои граничат со Украина.











