
Италијанската банка „Уникредит“ денес објави дека склучила договор за дериват со кој практично ќе се удвои нејзиниот удел во грчката „Алфа банка“ на речиси 20 проценти и најави дека ќе побара регулаторно одобрение за дополнително зголемување на сопственоста на 29,9 проценти.
Новиот договор ѝ овозможува на „Уникредит“ да купи дополнителни 9,7 проценти удел во „Алфа банка“ по цена што е пониска од последната цена на затворање, објави „Ројтерс“.
Италијанската банка веќе поседува 9,6 проценти удел во грчкиот заемодавач, така што нејзиниот вкупен удел ќе се зголеми на 19,3 проценти.