Ураганот Сенди го затвори Wall Street

23

Њујоршката безра денес, а можеби и утре ќе биде затворена поради доаѓањето на ураганот Сенди. Последен пат берзата поради елементарна непогода ја затвори вратата на 27 март 1985 поради ураганот Глорија.

Повеќе американски сојузни држави на источниот брег во очекување на ураганот Сенди донесоа одлуки за затворање на училиштата и запирање на сообраќајот, пренесуваат американските медиуми. Железницата почна да го запира сообраќајот долж североистокот на САД, а во авиосообраќајот се откажани околу 6.800 летови. Од неделата вечер во Њујорк се запрени автобусниот, железничкиот и подземниот сообраќај. Градоначаникот Мајкл Блумберг побара евакуација на 375.000 луѓе од најниските делови на градот поради најавени високи нивоа на плима, од дури три метри.

Вонредна состојба веќе е прогласена во државите Мериленд, Њујорк, Пенсилванија, Вирџинија, Дистриктот Вашингтон и Северна Каролина.

Ветровите се со брзина од 120 километри на час, но се очекува да се засилуваат. Бурата моментално е со пречник од 835 километри. Спора е и се движи кон североистокот со брзина од 25 километри на час, па може да се задржи од 24 до 36 часа над 12 сојузни држави носејќи и до 250 литри дожд на метар квадратен, 60 сантиметри снег и прекин во испораката на електрична енергија.