Usalama – апликација што алармира кога некој е во неволја

45

mobile-2566615_960_720

Фото: Pixabay

Тројца софтверски инженери од Најроби, Кенија креираа мобилна апликација наречена Usalama, којашто испраќа сигнал за тревога кога корисникот ќе го затресе својот телефон три пати, пишува CNN. Сигналот ги предупредува службите за итни случаи, како и другите корисници на апликацијата во растојание од 200 метри, дека некој е во неволја.

Основачите на апликацијата дошле до идеја за неа откако еден од нив бил нападнат на улица. Тројцата пријатели се надеваат дека ќе помогне во полесно справување со криминалот што е на високо ниво во главниот град на Кенија.

Во проектот се веќе вклучени броеви од безбедносни, здравствени и организации за заштита на жени, а се работи и на надградба на апликацијата. Освен “копче за тревога“, апликацијата известува и за инциденти и места каде најчесто се случуваат, креирајќи база на податоци со цел корисниците да знаат кои делови во градовите да ги одбегнуваат.