Уште еден легендарен автомобил заминува во пензија

Шевролет објави дека 2024 година е последната моделска година на Camaro, што значи дека производството ќе заврши.

Крајот на шестата генерација ќе биде означен со специјална серија Collector’s Edition во уникатната црна нијанса Panther. Таа е мат црна, која за прв пат се нуди на овој модел.

Последната серија ќе се нуди во САД во повеќето достапни верзии на мотори, а колекционерското издание на ZL1 е ограничено на само 350 примероци.

Производството на Camaro ќе заврши во јануари 2024. Не се знае многу за можниот наследник на легендарниот Шевролет, освен она што го изјави Скот Бел, потпретседателот на компанијата:

„Иако денес не објавуваме непосреден наследник, бидете сигурни, ова не е крајот на приказната за Камаро.

Фото: Facebook