Уште колку може да падне Етереум?

10

Искусниот трговец, Питер Брант кој точно го предвидe падот на Биткоин за време на „мечкиниот“ пазар во 2018 година, ги предупреди инвеститорите во Етереум дека алткоинот може да претрпи огромна девалвација од над 70% во споредба со сегашните цени.

Брант им кажа на своите следбеници на Твитер дека водечката платформа за паметни договори го пробила формирањето на „глава“ и „рамена“ и сега можеби е на пат кон целта поставена од моделот.

„Графиконот сугерира цел од 300 долари. Целите не се свети – некогаш се постигнуваат, некогаш не, а некогаш се надминуваат. Но, јас засега не би купил ЕТН ни со парите на мојот непријател…“

Претходно овој месец, додека Етереум сè уште се тргуваше над 1.700 долари, Брант забележа дека ETH може да се тргува во надолен триаголник и може да падне до целта од 1.268 долари.

Ветеранот трговец неодамна ја ажурираше својата анализа откако беше постигната неговата првична цел.

„ЕТН / УСД ја постигна својата прва цел на пад. Како „свинг“ трговец, мојата практика е да остварувам профит на целните нивоа. Немам желба да ги фатам горните или долните, туку среќен сум што фаќам парчиња на средина“.

Во моментот на пишување, Етереум се тргува за околу 1.120 долари, што е речиси 20% повеќе од неговата најниска вредност во 2022 година – 897 долари.