Наплатата на побарувањата е постара од постоењето на парите. Историјата поврзана со ова прашање ни покажува дека уште 3000 год.п.н.е, кај старите цивилизации, доколку должникот не го плател својот долг, бил приморан да извршува т.н. ‘должничко ропство’.
Должничкото ропство значело дека должникот, како и неговото семејство, извршувале физички активности за лицето кому му должеле, сè додека не го отплателе долгот со сопствен труд. Кај некои општества, долгот можел да се пренесе дури и на идните генерации.
Во средниот век, должникот завршувал на суд и доколку се докажало дека е
виновен, се одело или кон процес на конфискација на неговиот имот или пак должникот се носел во т.н. ‘должнички затвор’, каде престојувал сè додека семејството не ги вратело средствата што ги должат или додека доверителот не одлучил дека ќе му го прости долгот на должникот.
Понатаму во историјата се сретнуваат и создаваат компании кои професионално
се занимаваат со наплата на побарувања, а кои решаваат чувствително прашање од
областа на деловните односи во нашата економија.
Едно парично побарување настанува кога се одобрува одложено плаќање за
продадената стока, односно реализираната услуга. Ако паричното побарување настанува со одобрување на одложено плаќање, се поставува прашањето зошто тогаш се одобрува одложено плаќање? Се разбира, одложеното плаќање се користи како алатка во продажбата и при конкурентни услови на работење, примената на различни алатки за постигнување компаративни предности во однос на конкуренцијата, е неминовност.
Грижата некој корисник да не стане должник не треба да ја ограничи компанијата
во нејзините продажни активности, односно поради ризикот корисниците да преминат во должници, компанијата не треба клиентската база да ја минимизира. Со примена на
соодветно ниво на правна заштита при договарањето, со балансирано одобрување
одложено плаќање, како и со изграден систем за наплата, компанијата може да го
постигне потребното ниво на продажба.
Секое парично побарување има рок на доспевање. По тој рок, во пракса тоа
побарување се третира како долг, односно како побарување влезено во задоцнување.
Колку е поголем бројот на таквите побарувања на компанијата, толку е поголем и
нејзиниот проблем со тековната ликвидност.
Општо познато правило е: ако не можат да се наплатат побарувањата, се
загрозува тековното работење на компанијата. Не може да се финансираат тековните
обврски и со тоа се загрозува и општото егзистирање на компанијата.
Дoполнително во услови на пазарна економија, каде сѐ има своја цена, се
поставува прашањето: Зошто некој да располага со нечии пари и за тоа да не плаќа
цена? Вообичаено, при доцнење во плаќањето на долговите, односно наплатата на
побарувањата, македонските компании генерално немаат пракса да пресметуваат и
побаруваат камата и со тоа де факто бескаматно го кредитираат должникот.
Поради сето тоа, потребата од забрзување на наплатата на побарувањата
влезени во задоцнување добива на сѐ поголемо значење во денешни услови на
работење. Компанијата ќе има проблем со наплата на задоцнетите побарувања, ако нема изграден систем за наплата, односно не ангажира професионална компанија која ќе се занимава со истото.
Воспоставувањето систем за наплата бара знаење, кадар, технологија и
соодветен менаџмент на процесот. Поради тоа, компанијата треба да одлучи дали ќе
инвестира во сите тие инпут фактори и ќе изгради внатрешен систем за наплата или
наплатата ќе ѝ ја отстапи на професионална компанија. Во случај на градење на
внатрешен систем, наплатата не може да биде со првостепен приоритет, бидејќи
основната дејност на компанијата е со првостепен приоритет. Но, ако наплатата ѝ се
отстапи на професионална компанија за наплата, тогаш истата добива првостепен
приоритет со фактот што компанијата за наплата за основна дејност ја има наплатата.
Наплатата како дејност е трудоинтензивна.
Телефонскиот наплатувач – оператор претставува медијатор помеѓу компанијата која ги издала средствата преточени во одредена услуга и корисникот на истата. Операторот стапува во телефонски контакт со корисниците, ги известува за своите задоцнети уплати, го сослушува корисникот, го идентификува проблемот зошто настанало задоцнувањето и заеднички изнаоѓаат решенија за побрзо подмирување на долгот. Со зголемување на побарувањата, се зголемува и потребата од соодветен кадар кој ќе го одржува веќе спомнатиот активен однос со комитентите-должници во поглед на наплатата. Со зголемување на кадарот, се зголемуваат и трошоците.
Во услови кога современите македонски бизниси се соочуваат со одлуки во поглед
на намалување на трошоци од една страна, но истовремено притисокот и потребата од
зголемување на наплатата расте, неможноста и неоправданоста да се формира
внатрешен оддел кој ќе се занимава со оваа проблематика, се надоместува со решение да се ангажира професионална компанија која ќе се грижи за наплатата на задоцнетите побарувања. Оваа услуга за клиентите не треба да им биде луксуз, па поради тоа условите под кои ќе се договара соработката треба да биде прифатлива за двете инволвирани страни: корисникот на услугата, како и компанијата која се занимава со наплатата, која искуствено наоѓа специфицирани модели за максимизирање на својата ефикасност во своите сегменти на работење.
Истражувањето кое го направи ЕОЅ (Европски платежни практики 2019 г.) во
соработка со независниот институт за истражување на пазарот Кантар ТНС (порано ТНС Инфратест), во пролетта 2019 година, се спроведе преку телефонска анкета на 3 400 компании во 17 европски земји за платежните практики во нивните соодветни локации.
Истото покажа дека четири од 10 компании во Европа (дури 42 отсто) користат
надворешно управување со побарувањата и се согласуваат дека компаниите за наплата на долгови поттикнуваат добри платежни практики во општеството (повеќе детали околу истражувањето: https://www.eos-solutions.com/search.html?searchTerm=European+payment+practices).
Професионалните компании за наплата на долгови се сметаат за подобра опција во
споредба со внатрешните процеси на наплата на долговите, меѓу другото, и бидејќи се
фокусирани само на процесот на наплата, што значи дека ги следат најновите трендови и предизвици во управувањето со побарувањата.
Компаниите за наплата на долгови им помагаат на своите клиенти да ги
минимизираат доцнењата на плаќањата и неплаќањата на обврските, а исто така
осигуруваат дека фирмите порано ќе ги реализираат доспеаните плаќања.
Зошто и вие, доколку имате проблеми со наплатата, да не бидете дел од трендот?
Автор на колумната Маја Котеска, Раководител на операции и процеси во EOS Matrix