Успешен бизнис без искуство? Да, и тоа е можно

119

decki

Не дозволувајте сопственото неискуство да ви попречи во остварување на добрата бизнис идеја.

Кога започнувате сопствен бизнис, понекогаш губите самодоверба и потребен ви е знак дека одите во вистинската насока.

Успешната бизнис приказна за Ариел Нелсон и Лејн Герсон започнува со една обична посета на фризерница, која им го сменила животот. Тие денес се горди сопственици на Jack Erwin, онлајн компанија за чевли која успешно работи повеќе од една година.

Jack-erwin-header-1-630x250

Двајцата другари, кои инаку не знаеле ништо за бизнисот со чевли, решиле да си ја пробаат среќата, токму поради фактот што не им се допаѓало тоа што се нудело на пазарот. Тргнале со намерата наместо скапи и премногу “накитени”, какви што веќе се нуделе на пазарот, чевлите што тие ќе ги продаваат да бидат едноставни, евтини, но во исто време со висок квалитет и класа.

jackfeature-600x246

Триесет и две годишниот Герсон претходно работел како сметководител, додека Нелсон се занимавал со дистрибуција на храна и пијалок.

Така двајцата пријатели еден ден, во фризерница го сретнуваат човекот кој ќе им помогне, нивниот патрон Бертранд Гијом, сегашен потпреседател на производство во компанијата. Гијом претходно работел за луксузниот бренд на Ралф Лорен (Purple Label) и бил виш директор на малопродажба во Saks Fifth Avenue. Под негово раководство Герсон и Нелсон го запознале бизнисот и почнале да истражуваат и учат.

jack-erwin-7

Jack Erwin денес

Jack Erwin, која е всушност амалгам од имињата на нивните татковци, започна со работа во октомври 2013, најпрво како онлајн продавница со изложбен простор, кој се отвораше само со претходно закажување. Година дена и три колекции подоцна, компанијата добива фонд од 9 милиони долари, од страна на компанијата Brown Shoe, што претставува голем успех за толку кратко време.

Два месеци по лансирањето на Jack Erwin, двајцата пријатели ги продаваат сите изработени пара чевли, вкупно 3.000, а следниот месец и половина веќе бележат бројка од 4.000 клиенти на листата на чекање. Сето ова го постигнуваат без никаков маркетинг и рекламирање, само со едноставно праќање на мејл до пријателите и роднините и ширење на добриот глас.

Jack-Erwin-Opener-635

Нелсон и Герсон велат дека нивната цел е секој продукт и колекција да бидат различни, но во исто време и комплементарни со останатите. Чевлите се произведуваат во четири различни фабрики во Шпанија, а компанијата брои шест вработени, вклучувајќи ги Нелсон, Герсон и Гијом. Најголемиот дел од чевлите се продаваат по пристапни цени од 95 до 210 долари.

И покрај нивниот успех двајцата пријатели не живеат во скапи луксузни вили, туку во нивната канцеларија во Сохо, Англија.

jack-erwin

Според нив она по што Jack Erwin се препознава е едноставноста. Облеката се менува секоја сезона, но Нелсон и Герсон веруваат дека чевлите можат да бидат константни и сакаат да бидат бренд што клиентите долго време ќе го следат.

Денес тимот на Jack Erwin работи на усовршување на нивниот производ, обезбедување на материјал, логистика и подобрување на услугата. Тие знаат што сакаат да понудат и нивната цел е да бидат доследни во работењето и верни на своите потрошувачи.

jack-erwin-6

“Многупати помислувавме да застанеме, мислејќи дека сето ова нема смисла, ние не знаеме ништо за бизнисот со чевли. Но, сепак решивме и покрај се да продолжиме и попатно ќе смислуваме начини како сето тоа да го изведеме”, вели Нелсон.

2dtlz-mqelmy6l