Успешни, богати и налудничави

20

Водат успешни компании, имаат многу пари, а освен по тоа, познати се и по некои свои необични хобија, постапки или навики. Можеби тоа им е издуван вентил од секојдневниот стрес, а можеби се едноставно, малку налудничави.

Боб Парсонс, извршен директор на GoDaddy, се прослави со фотографии што ја шокираа јавноста. Овој шеф на мултимилионска компанија, фотографиите на кои убива слонови во Зимбабве ги стави на интернет под наслов “мојот годишен одмор”.

Мајкл О’Лири, сопственикот на ирскиот нискобуџетен авиопревозник Ryanair, не пропушта ниту една можност да го искаже презирот кон патниците што го направиле богат. Сака да истакнува и колку е скржав, а имал идеја да го наплаќа користењето на тоалетите во авионите од неговата компанија. Предложил и воведување на данок за дебели, кои би плаќале поскапи карти, но предлогот не поминал, не затоа што е навредлив, туку затоа што не успеал да смисли ефикасен начин за наплата.

oliri

Фото: ryanair.com

Џон Мекафи, изумителот на популарниот антивирус програм McAfee, откако доби многу пари за програмот што никој не може да се деинсталира, замина на продолжен годишен одмор на Белизе. Таму е уапсен под сомнение дека произведува дрога. Нешто подоцна неговиот сосед Американец е пронајден мртов, а Мекафи е прогласен за главен осомничен. Се обиде да избега во Гватемала, но уапсен е поради незаконско преминување на границата. Во притвор глумеше дека има срцев удар, а на локалните власти им дојде преку глава, па го пуштија во САД.