Иако овие луѓе го напуштиле средното училиште, тоа за нив не претставувало никаков проблем да станат познати и успешни. Денес тие се милијардери и уживаат во своите достигнувања.
Основачот на Tumblr, Дејвид Карп
Фото: David’s Log
Карп го напушти елитното Bronx High School of Science на 15 годишна возраст и потоа во 2007 го основаше Tumblr, компанија за блог-хостинг и социјални мрежи, во малата соба во апартманот на неговата мајка.
Извршниот директор на Virgin, Ричард Бренсон
Ексцентричниот бизнисмен го напуштил училиштето на 16 години. Тој дури и пишува статии на својот блог, каде го критикува образовниот систем во Велика Британија
Основачот на Blip.tv, Мајк Хадак
Хадак го напуштил средното училиште и започнал да работи во мала компанија за заштита на податоци на интернет во Конетикат на само 16 години. Во 2005 го основа Blip.tv, хостинг платформа за креатори на дигитални видео записи. Моментално работи во Facebook како продукт менаџер.
Хотелскиот и казино магнат Кирк Керкориан
Иако го напуштил училиштето кога бил 8 одделение, тоа не било пречка за Кирк да стане еден од најуспешните луѓе во Лас Вегас. Тој поседува голем процент на акции во некои од најпознатите хотели и казина во светот како Bellagio, Excaliber, Luxor, Mandalay Bay, MGM Grand, New York-New York, Circus Circus и Mirage.
Режисерот и добитник на Оскар Квентин Тарантино
Тарантино го напуштил средното училиште Narbonne во Харбор Сити кога имал 15 години. Тој денес е еден од најеминентните режисери во светот и добитник на многубројни признание и два Оскари.
Британскиот бизнисмен Џо Луис
Со цел да го води бизнисот со кетеринг на татко му, Луис го напуштил средното училиште на 15 годишна возраст. Тој сега е главен инвеститор во Tavistock Group, Lewis, поседува повеќе од 150 компании, 135 ресторани и различни резорти ширум светот.
Двократниот светски првак во бокс Џорџ Формен
Како и повеќето на листата и Форман го напуштил средното училиште на 15 години. Подоцна се сели во Плезантон Калифорнија да тренира бокс. Своето богатство тој првенствено го должи на работата како портпарол за компанијата, рекламирајќи скара за безмасно готвење наречена Џорџ Форман Грил.