Успешни претприемачи и најдобрите совети што ги добиле

39

Што научиле овие претприемачи и што им помогнало да станат тоа што се денес, дознајте во продолжение.

Марк Кубан, инвеститор и сопственик на кошаркарскиот тим Dallas Mavericks

Секоја пречка на сопствениот напредок и развој ја ставаме ние самите.

cuban

Фото: Twitter

Нејл Блументал и Дејв Гилбоа, извршни директори на брендот за очила Warby Parker

Без разлика што правите, правете го тоа најдобро што можете. Големи или мали задачи, правилото е едно – се треба да биде одлично.

Џеси Голденберг, основач на Nomad, мобилен бутик за алишта

Преземајте ризици додека сте млади и без фамилијарни обврски. Зграпчете колку можете, тоа е совршениот тајминг за почеток на успехот.  

Ари Ваинцваиг, извршен директор и ко-основач на ресторанот Zingerman’s Deli

Еластичност, соработка, психичка и физичка истрајност и позитивна енергија се клучот на успехот.

Мелиса Карбон, извршен директор и претседател на продуцентската куќа Ten Thirty One

Размисли добро и одлучи. Подобро лоша одлука отколку постојано колебање. Оние што одлучуваат се лидери.

Силви Ди Густо, основач на консалтинг компанијата Executive Image

Пот, болка, многу нерви, посветеност, упорност, многу енергија… нема успех преку ноќ. Тој никогаш не се случува тукутака.

Бен Касноча, автор и претприемач

Ти си онаков како луѓето со кои се дружиш. Затоа дружи се со оние кои ќе те инспирираат да бидеш подобар.

Кристина Рот, извршен директор на Matisia Consultants, консалтинг компанија

Внимавај кога ги носиш најважните одлуки во животот, тогаш ќе се сменат работите, на еден или друг начин.  

Бет Доен, основач на Raintees, хуманитарна организација

Контактирај со луѓе кои те предизвикуваат, кои се силни на полето каде што ти не си и кои работат исто толку многу, па и повеќе од тебе.