Успешно искачена планина е добра лекција за бизнисот

30

planina

Фото: Pixabay

Џеф Готфаршт, кој е сега франшизер на Fractured Prune Doughnuts, чија специјалност се различни видови на крофни, ги споделува за Business Insider петте најважни лекции што ги научил за бизнисот и општо за животот, додека ја искачувал највисоката планина во светот, Монт Еверест.

Тој и покрај својата болест ревматоиден артритис, успеал да го освои врвот и еве што им порачува на сите оние кои штотуку започнале или размислуваат да започнат сопствен бизнис.

Треба да уживате и да го славите секој успех, мал или голем

Секогаш ќе има пречки, како во животот така и во бизнисот. Затоа кога и да се случи и без разлика дали е голем или мал, успехот мора достојно да си го прославите. Треба да сте оптимисти, на сè да гледате позитивно и конструктивно. Мене лично тоа многу ми помага да ги пребродам секојдневните задачи и ми дава сила, волја и упорност да ги преминам сите препреки за да стигнам до целта.

Добрите времиња може нема да траат долго

Понекогаш кога ќе постигнеме успех во работата, забораваме дека може еден ден да го снема и дека најверојатно ќе дојдат и тешки моменти. Во секој бизнис ќе наидете на несигурно тло, исто како да сте на планина. Некои работи ќе се случат што не сте ги очекувале. Морате да сте подготвени, со сите расположливи средства, во спротивно може многу лошо да паднете.

Вашиот успех не е прашање на среќа

Вашата волја да победите и вашата одлучност се тие што ви помагаат да постигнете успех, не среќата. Ако сакате да бидете успешни, морате со чист и јасен ум да и пристапите на задачата, да работите напорно и да истраете во сè. Нема седење и чекање среќата да ви чукне на врата.

Клучот е во упорноста

Со секоја поставена цел мора да знаете како да се борите, да страдате, да се стремите кон нешто, било да е тоа бизнис или Монт Еверест. Тука ве спасува само упорноста. Треба да сте подготвени да дадете многу за да стигнете онаму каде што сакате да бидете. Работете напорно, бидете упорни и ќе станете ковач на вашата судбина.

Најважната состојка за успех се вашите роднини и пријатели

Без поддршката од фамилијата и пријателите е скоро невозможно да станете успешни. Било да се качувате на планина или на корпоративната скала, ќе сакате да го споделите вашиот план и целта со најблиските и попатно да се потпрете на нив барајќи охрабрување и патоказ.