Utility Carry – водоопорен ранец што се претвора во патничка торба

121

Фото: Kickstarter

Utility Carry е две во едно, ранец и патничка торба. Производот е водоотпорен, одличен за долги патувања, но и за секојдневни рутини.

Ранецот собира 15 инчен лап-топ, се приспособува на телото од корисникот, додека торбицата е одлично решение за транспорт на опремата за тренинг.

Специјалниот материјал од којшто е изработен, освен што е водоотпорен, ја штити внатршноста од бактерии, нечистотија и мувла, а посебната преграда овозможува безбеден пренос на лаптоп, таблет и слично.

Моментално Utility Carry е достапен само во црна боја.

Производот е дело на старт-ап со седиште во Атланта, Џорџија и има своја кампања на платформата Kickstarter. Досега има собрано 9.601 долари од потребните 3.500 долари, а кампањата трае уште 10 дена.

Првите испораки на производот се очекува дс бидат во јули годинава.