Увозот на зеленчук во Русија се зголеми за речиси 10 отсто во 2024 година

Увозот на зеленчук во Русија во 2024 година изнесувал 1,7 милиони тони, што значи дека е зголемен за 9,9 отсто во однос на истиот период лани, објави руската агенција за земјоделство.

Според организацијата „ФГИС Аргус-Фито“, во исто време увозот на овошје во Руската Федерација е зголемен за 2,4 отсто, на речиси 6,1 милиони тони, пренесе Тасс.

Кога станува збор за зеленчукот, најголем пораст има увозот на зеленчук за салати, за 27,4 отсто, додека годишниот скок на зелката е само малку помал, за 26,5 отсто.

Потоа следат доматите со 14,9 отсто во однос на истиот период лани, па пиперките и тиквичките (6,6 отсто), кромидот и лукот (5,3 отсто).

Од друга страна, кај овошјето најмногу бележи увозот на грозје за 12,3 отсто во однос на истиот период лани, потоа праските, сливите и црешите со раст од 3,9 отсто, потоа јаболката и крушите (2,6 отсто)