Вака изгледа Wi-Fi мрежата над Вашингтон

24

1

Уметникот Николај Лам направи визуализација на големината, формата и бојата на wi-fi сигналите, како би изгледале кога би биле видливи за човечкото око.

“Верувам дека прикажувајќи како ќе изгледаше wi-fi сигналот да можевме да го видиме, ќе придонесам повеќе да ја почитуваме технологијата што секој ден ја користиме. Многумина од нас ја користат без да бидат свесни за комплексноста што стои зад неа за да може да функционира”, вели Лам за Бизнис Инсајдер.

Лам на проектот соработуваше со М. Браунинг Фогел, астробиолог и поранешен вработен во НАСА, кој ја објаснува науката зад безжичената технологија:

WiFi е енергетско поле што се пренесува како бранови. Брановите имаат одредена висина, растојание меѓу нив и патуваат со одредена брзина. Растојанието помеѓу WiFi брановите е пократко од оние на радиобрановите и подолго од оние на микробрановите, поради што нивниот пренос не може да биде прекинат од страна на други сигнали. Кај типичните WiFi бранови амплитудата се намалува како што се оддалечуваат од изворот, затоа на првата слика брановите се поголеми на десно, а помали на лево, под претпоставка дека изворот е некаде на десната страна.

Визуализацијата е направена за градот Вашингтон. Лам ги користел податоците за приближната големина и форма на wi-fi мрежите над Националниот парк од официјалната владина страна.

2

3

4

5