Ванчо Чифлиганец официјално член на Надзорниот одбор на Комерцијална Банка

27

Ванчо Чифлиганец генерален директор на Адора инженеринг официјално стана член на Надзорниот одбор на Комерцијална Банка, стои во соопштението на банката.

Врз основа на член 33 од Правилата за котација на Македонската берза на хартии од вредност, Комерцијална банка АД Скопје објавува дека Народната банка на РМ издаде согласност на Ванчо Чифлиганец за член на Надзорниот одбор, именуван со Одлука на Собрание на Банката одржано на 14.06.2018 година.

Проф. д-р Ванчо Чифлиганец, кој е основач и на истоимената фондацијата, е препознатлив и по филантропските активности.