Vaya – столица којашто седењето го прави уживање

35

08-PositivePosture-Vaya-600x400Јапонскиот дизајнер Кен Окијама, којшто е познат по дизајнот на познатиот автомобил Ferrari Enzo и новата генерација на Porsche 911, креираше уникатна столица – сон за секој канцеларски работник.

Наречена Vaya, со футуристички изглед, оваа столица е многу практична и удобна и совршено се вклопува во секоја модерна канцеларија.

Vaya се движи заедно со вас, а со тоа овозможува правилно држење на ‘рбетот. Секој нејзин дел е максимално прилагодлив, а достапна е во боите што ги има на автомобилите Ferrari и Porsche.

Регуларната верзија во црна боја чини 2.999 долари, додека ограничените модели во останатите бои се продаваат по цена од 6.000 долари. Секоја примерок е потпишан и нумериран од страна на самиот дизајнер.

vaya_colors

vaya_hdr