Вазни за цвеќиња што се мрдаат кога паѓаат ливчињата

84

img_3_1451809873_363051fcb293bb5271db5ae715bf2a7c

Јапонскиот дизајнер Кезуке Фуџивара создаде вазни за цвеќиња што нежно се движат кога паѓаат овенатите ливчиња, пишува Designboom.

Вазните, кои што имаат форма на капка, се направени од челик, а благодарение на мал тег во внатрешноста истите можат да стојат на било која површина.

img_4_1451809873_bb9927093b8ffea85ec969f402a018ac

Штом во нив се стави цвет, вазната се навалува дијагонално на еден сосема природен начин, а движењето станува уште поинтересно кога некое овенато ливче ќе падне долу. Малечките вазни се прелеваат во различни нијанси, а нивната површина е еден вид на сферно огледало.

Вазните доаѓаат во пет различни бои чија комбинација одлично го надополнува секој простор во домот или канцеларијата.

img_2_1451809873_b609cd1610941936916ddf51317b03a5