Велика Британија замрзнала руски имот вреден 20,5 милијарди долари

63

Британската влада денеска соопшти дека замрзнала средствата во вкупна вредност од 20,5 милијарди долари што ги поседуваат руски олигарси, други поединци и субјекти санкционирани поради инвазијата на Москва на Украина.

Замрзнатите руски средства се за 6,8 милијарди долари повеќе од износот пријавен во сите други британски изрекувања на санкции.

Британија досега санкционираше повеќе од 1.200 физички лица и повеќе од 120 ентитети во Русија, од познати бизнисмени и компании, се до истакнати политичари.

Санкциите воведени како одговор на инвазијата на Москва на Украина меѓу другото вклучуваат забрани за патувања и замрзнување на имотот.