Велосипед што го прочистува воздухот

46

velosiped

Ова би можело да стане реалност, ако се реализира идејата на тајландската компанија Лајтфог Креатив. Велосипедот има филтер за прочистување на воздухот кај рачките. Кога возачот ги врти педалите, филтрите ги прифаќаат правот и загадениот воздух, го прочистуваат и го испуштаат чистиот воздух.

“Идејата е со вртење на педалите да се прочистува воздухот, но велосипедот има и мотор на батерии, па воздухот ќе може да се чисти и кога е во мирување. Сакаме нашиот велосипед да биде најеколошкото возило што постои”, велат иноваторите кои се уште работат на прототипот и се надеваат дека ќе најдат инвеститори за реализација на оваа генијална идеја.