Вештачка интелигенција реши рубикова коцка за една секунда

260

Научници од Универзитетот Irvine во Калифорнија програмираа алгоритам што може да ја реши рубиковата коцка за помалку од една секунда.

Она што е интересно е тоа што вештачката интелигенција сама научи како тоа да го изведе без претходно знаење или човечка помош, пишува Mashable.

“Алгоритмот DeepCubeA, за разлика од некои претходни роботи и вештачки интелигенции, ја научи техниката од нула. Го помина тестот со летечките бои и реши 100% од тестовите што му беа дадени наоѓајќи го најбрзиот начин за да дојде до финалното решение”, велат од Универзитетот.

Вештачката интелигенција според научниците, може да ја реши коцката во 20 потези, додека на еден вешт човек му требаат околу 50.

Фото: Pixabay