Viber Out, сервис за евтини повици кон мобилни и фиксни мрежи

20

viberViber лансираше нова верзија на својата апликација, а паралелно со тоа, глобално ја пушти во употреба услугата Viber Out. Овој сервис ќе им овозможи на корисниците да воспоставуваат повици кон мобилни и фиксни телефонски броеви низ целиот свет, со ниски трошоци.

Кредитот за повикување преку Viber Out може да се купи директно од апликацијата на паметниот телефон или преку кредитна картичка, за корисниците на десктоп апликација.

“Viber Out им овозможува нов начин на користење на Viber на нашите милиони корисници и гарантира дека ќе можат да контактираат со било кого во секое време”, изјави извршниот директор на Viber, Талмон Марко.

Оваа услуга е многу слична на Skype, со тоа што според некои аналитичари, излегува дека некогаш е и поевтина, во зависност од тоа во која земја се врти и дали се врти на мобилен или фиксен.

Апликацијата на верзијата 4.1 е достапна за Android, iPhone и десктоп, а во скора иднина ќе биде достапна и за Windows Phone.