(Видео) Алкалоид прогласен за водечки инвеститор во регионот на Западен Балкан

85

„Алкалоид“ беше прогласен за водечки инвеститор во регионот на Западен Балкан од страна на Western Balkans 6 Chamber Investment Forum. Во изминативе пет години, компанијата инвестираше 104,1 милиони евра во земјите во регионот, интегрирајќи ги своите деловни операции.

“Во последните три децении ние посебно се посветивме на континуирано инвестирање во проширување на производните погони, во нови технологии, во истражување и развој и секако во добри и квалитетни кадри“, вели Генералниот директор/Претседател на УО на „Алкалоид“ АД Скопје, Живко Мукаетов.