Цените на струјата и гасот во Европа продолжуваат да ги уриваат сите рекорди, а луѓето се обидуваат да најдат најевтини начини за затоплување на своите домови оваа зима.
Многу корисници на социјалните мрежи се воодушевени од греалката што сами ја прават од свеќи и сад од теракота.
Иако постојат различни начини на кои луѓето прават грејач за теракота, тие објаснуваат дека клучот е да имате повеќе садови со различни големини.
Просторот под работ на теглата мора да биде отворен за свеќите да имаат кислород за согорување, а садовите кои примиле топлина потоа се загреваат и уште посилно ја зрачат во просторот, од што се воодушевени многу корисници на социјалните мрежи.
„Ти благодарам за овој туторијал, ме спаси од смрзнување“, напишал еден корисник.
„Ваквото греење секако ќе помогне да се намалат трошоците за гас“, додаде друг.
Еден корисник ги снимал резултатите со термална камера, почнувајќи од 72 F (22,2 степени) и достигнувајќи 123 F (50,6 степени C) во садот, покажувајќи колку топлина собрала теракотата.














