Видео: Мали роботи што се движат горе – долу по облеката

37

robot

Научниците од американските универзитети МИТ и Станфорд, ги соединија своите сили за да ги создадат Rovables, минијатурните роботи кои се движат по човековото тело додека неговиот сопственик ги извршува секојдневните задачи.

Иако не се поголеми од кутија за прстен, составени се од микроантени и опрема за безжична комуникација и батерија што може да издржи до 45 минути. Кога ќе се испразни батеријата, тие сами се упатуваат кон базата на безжично полнење. Благодарение на вградените магнетни тркала, може да се движат горе – доле по облеката, пишува Recode.

Истражувачите велат дека овие мали роботи може да се употребуваат во повеќе случаи. Така на пример, флота од овие роботи може да се соберат на раката на носителот и да создадат дисплеј за гледање на видео или да го потапкаат сопственикот кога прима електронска пошта. Исто така, малите роботи може да се соберат на вашиот грб и да светат, обезбедувајќи сигурност додека возите велосипед. Доколку имате телефонски повик, Rovables ќе се доближи до увото и ќе послужи како микрофон.